Вила Санде Шумаро

Барате место за вистинско уживање и релаксација кое нуди чист планински воздух и панорама поглед?

Вила Санде Шумаро е најдобрата понуда за овој дел од годината со најпрекрасниот поглед, на најубавата локација во Берово. Веднаш над Беровското Езеро во густата борова шума е сместена вилата Вила Санде Шумаро. Вилата располага со три стандардно опремени соби со посебен тоалет, кои нудат убав престој.  Локацијата на вилата се наоѓа веднаш до хотелот Вип, на 1050 метри надморска височина, на 150 метри од езерото, на 7 км од градот Берово. На 100 метри од вилата се наоѓа пријатна пешачката патека која води окулу езерото.

Сместување

Вилата располага со 3 спални соби со посебен тоалет, дневна просторија, целосно опремена кујна, ТВ со кабловска, интернет и обезбеден паркинг простор. Вилата нуди сместување со капацитет за 8 гости, но најпогодно е за 3 пара или поголема фамилија со деца.

Почетоци

Вилата Санде Шумаро е основана од истоимениот сопственик Санде Шумаро и неговата гостопримлива сопруга Калина. За резервација и комуникација со посетители се задолжени членовите од нивната потесна фамилија ќерка и син. Како фамилијарен бизнис датира од далечната 2000 година. Оваа Вила беше првата која се издигна на местото Фета. Веднаш потоа, локацијата стана привлечна за други понудувачи на сместувачки капацитети, локацијата стана популарна, а сега е прв и најдобар избор за сместување на посетители во Берово.

Гостопримливост, ведар дух и искрена насмевка остануваат движечка сила и наш имератив ~ Вила Санде Шумаро

Највкусната пита во Берово

Вилата е препознатлива по прекрасната традиционална домашна пита подготвена од вештите раце на Калина. По нарачка се подготвува и традиционален зелник, качамак и риба. Нарачките за вкусната домашна пита не се вршат само од посетителите на оваа вила, туку се повеќе и повеќе пристигаат нарачки од локалните жители и гостите сместени во околните сместувачки капацитети.  Од страна на сопствениците се произведува вкусно органско слатко направено од диви шумски јагоди, малини и сок од глуварче.

Контакт


078/641-035

vilasandesumaro@gmail.com

www.makmedia.mk/vila-sande-sumaro

Социјални мрежи


Адреса


Фета, Берово

Беровско Езеро